Брајант жестоко го критикуваше трејдот на Лејкерс: Шокиран сум! (ФОТО)

Ентони Дејвис во мега-трејд се пресели во Лос Анџелес лејкерс од Њу Орлеанс пеликанс, кадешто од друга страна заминаа Лонцо Бол и Брендон Инграм, како и резервистот Џош Харт, а токму овој потег го налути легендарниот Коби Брајант.

Брајант се огласи на социјалните мрежи со фотографија на која позира со шампионскиот пехар од НБА-лигата и на која е тажен и замислен. Покрај фотографијата остави и коментар во кој покажа колку не се сложува со раководството на тимот со кој освои пет шампионски титули.

„Останав без зборови. Шокиран сум. Не сакав да биде ова мој нов пост, но сепак е. Го мразам трејдот. Секој дел од него. Лејкерс ги дадоа сите момци. Брендон, Бол и Харт ќе ми недостигаат. Имам уште многу да кажам за трејдов, но нема да го направам тоа во моментов“, напиша Брајант.