Босанецот Нуркиќ во спектакуларен трејд се сели во Лејкерс?

Како што стојат работите репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ ова лето ќе го напушти Феникс и тоа по една сезона помината во клубот.

Имено, како што тврдат американските медиуми во Феникс планираат да го вклучат во трејд со Лејкерс.

Феникс е во потрага по плејмејкер, а изборот наводно паднал на Д'Aнџело Расел од Лејкерс. Во спротивен правец тие се спремни да го испратат Нуркиќ кој така би бил дел од спектакуларен трејд со кој двете страни би биле и повеќе од задоволни.

На овој начин Феникс би добил плејмејкер како што посакува, а Лејкерс би можеле да бидат задоволни со играч како Нуркиќ. Исто така Нуркиќ ќе има прилика да заигра со Леброн Џејмс.

Во изминатата сезона Нуркиќ имаше просек од 11 поени по натпревар, четири асистенции и 11 скока.