Богдановиќ со тројки ја уништи Индијана во триумфот на Атланта (ВИДЕО)

Атланта вечерва славеше со 129-117 против Индијана, а одличен натпревар одигра српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ.

Богдановиќ го заврши натпреварот со 23 поени, три скокови и три асистенции, но притоа српскиот кошаркар успеа да постигне пет тројки во кошот на Индијана, па така ѝ помогна на Атланта да направи исчекор во борбата за плејоф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јанг со 35 поени и 11 асистенции, додека кај Индијана најдобар беше Брогдон со 29 поени.

Во вториот меч вечерва славеше Њујорк никс со 122-112 против Њу Орлеанс пеликанс по продолженија.