Бјелица си замина од Голден Стејт и потпиша за Фенербахче (ФОТО)

Српскиот кошаркар Немања Бјелица го напушти Голден Стејт вориорс и реши да се врати во Европа, каде што ќе игра за Фенербахче.

По седум години поминати во НБА-лигата, каде што настапуваше за Минесота, Сакраменто, Мајами и Голден Стејт, искусниот кошаркар се врати во клубот во кој играше од 2013 до 2015 година.

Фенербахче го потврди трансферот и го претстави Бјелица на интересен начин.