Антетокумпо низ солзи: Мојата мајка е херој, а и татко ми е заслужен за наградата! (ВИДЕО)
Ѕвездата на Милвоки прво зборуваше за мотивите кои му помогнале да ја освои наградата.
„Пред две години имав цел во својата глава, а тоа е да бидам најдобар кошаркар во лигата. Ќе дадам максимум за да бидам МВП. Сепак, мојата мајка е херојот. Кога си дете, не ја гледаш иднината. А ако имаш добар родител, тој ја гледа иднината наместо тебе. Таа секогаш го гледаше тоа во нас“, кажа Антетокумпо.
Во продолжение низ солзи, Антетокумпо со многу емоции зборуваше и за својот татко, кој почина во 2017 година, а кој е една од причините за неговите настапи.
„Истотака и мојот татко. Сакам да му се заблагодарам. Тој не е со мене сега, но секој ден кога одам по паркетот мислам на него и тоа ме мотивира да напредувам“, вели грчкиот кошаркар.
Congratulations to @Giannis_An34 of the @Bucks on winning the 2018-19 Most Valuable Player! #KiaMVP #NBAAwards pic.twitter.com/l8SN27FFTG
— NBA (@NBA) June 25, 2019