Америка згрозена: НБА-шампион крвнички претепа младо момче во Ел-Еј (ВИДЕО)

Освојувачот на шампионскиот НБА-прстен во 2016 година со екипата на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит, е ставен на столбот на срамот во САД, откако на виделина излезе видео како тој буквално претепува младо момче за време на протестите кои деновиве се одржуваат во Лос Анџелес, но и во многу други градови ширум земјата.

Според кошаркарот, причина за неговиот неодговорен акт е фактот што момчето наводно го скршило прозорецот од неговиот автомобил, иако прашање е дали и тоа го оправдува ѕверското тепање кое може да се види на снимката. Огромниот Смит повеќе пати ја удира жртвата во главата, за на крај со силен аперкат буквално да го нокаутира момчето. Прашање е што ќе беше со него да не се појавеа пријатели на НБА-ѕвездата и да го прекинат тепањето, по што жртвата го искористи моментот и побегна.

Веднаш потоа, Смит преку социјалните мрежи објави снимка преку која се обиде да објасни што се случило, односно да го оправда своето однесување. Тој потенцира дека неговата постапка не била инспирирана од расата, туку од желбата да се одмазди за скршениот прозорец.