А, кој друг? Дончиќ со фантастичен трипл-дабл ја прекина „страшната“ низа победи на Мемфис (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мемфис гризлис до ноќеска имаа серија од 11 победи по ред и самодоверба до небо, но тогаш мораа да излезат на терен против маестралниот Лука Дончиќ, кој буквално мораше да ги спушти на земја и да им ја прекине низата победувајќи ги со својот Далас маверикс со 112-85 и тоа како гости.

Словенечкото „чудо од дете“ средбата ја заврши со 27 поени, 12 скока и 10 асистенции, што беше негов јубилеен 40. трипл-дабл ефект во досегашната кариера. Тој во второто полувреме промаши само двапати, а погоди дури осум шута кон противничкиот кош, а одигра и одлично во дефанзивата која беше кличен фактор во триумфот на „телињата“.

Дербито на вечерта, сепак, се одигра во Чикаго, каде што Голден стејт вориорс ја одигра најдобрата партија сезонава и ги скроти сезонава фантастичните „булси“ со огромни 138-96. Големата предност му дозволи мал одмор на Стеф Кари, кој средбата ја заврши со „само“ 19 поени, додека Вигинс постигна 21 поен, а дебитантот Џонатан Камингс 25 поени. Никола Вучевиќ со 19 поени и 14 скока беше најдобар кај домашниот тим. Една од причините за дебаклот на Чикаго беше и повредата на Лавин, кој во раната фаза од средбата го повреди коленото.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот-Орландо 109-116, Детроит-Торонто 103-87, Индијана-Феникс 94-112, Филаделфија-Бостон 111-99, Чикаго-Г. Стејт 96-138, Мајами-Атланта 124-118, С. Антонио-Кливленд 109-114, Мемфис-Далас 85-112, Сакраменто-Хјустон 126-114.