Валенсија ја елиминираше Барселона во Кралскиот Куп

Кошаркарите на Валенсија приредија вистинско изненадување во Купот на Шпанија, откако во четвртфиналето ја елиминираа екипата на Барселона, победувајќи ја со 82-78.

Валенсија игра одлично во последно време, а оваа победа воедно значи и освета за послениот пораз од Барселона од пред неколку дена, каде во последната секунда испушти победа.

Најефикасен во победничкиот тим беа Тоби со 16 поени, Дубљевиќ запиша 13, додека Дорнеркамп го заврши мечот со 12 коша. На спротивната страна Миротиќ со 25 поени беше најсветла точка кај поразените.