Тони Паркер: Најпаметно е евролигашката сезона да заврши без шампион

Поранешниот кошаркар на Сан Антонио, Тони Паркер, кој моментно е претседател на француски АСВЕЛ, се сомнева во продолжување на Евролигата која е во прекин, како и многу натпреварувања, поради пандемијата на коронавирус.

Затоа, тој излезе со предлог за предвремено завршување на сезоната без прогласување на шампион.

Најпаметно би било да се прогласи крај на сезоната без шампион и излегување од лигата по полека да почнеме да се подготуваме за наредното издание. Факт е дека сите ќе претрпат големи загуби, изјави Паркер за „Л‘Екип“.

Паркер е во изолација со семејството во Сан Антонио и апелира до раководството на Евролигата да престане да дава лажна надеж на клубовите дека Евролигата ќе продолжи.

Ќе биде многу тешко да се дојде до крајот, бидејќи ситуацијата со коронавирусот не е иста во сите земји. Целата состојба зависи од многу држави, но и различни здравствени и безбедносни прописи, истакна поранешниот француски кошаркарски репрезентативец и освојувач на четири шампионски прстени во НБА лигата.