Скандал во Евролигата: Миротиќ доби три слободни фрлања, а никој не го допре (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар беше одигран во Евролигата меѓу Уникс и Барселона, кој му припадна на каталонскиот гигант во продолженијата со 111-109.

Поранешниот плејмејкер на Црвена Звезда, Лоренцо Браун промаши шут за победа на руската екипа, по што на 15 секунди пред крајот Никола Миротиќ доби топка зад линијата за три поени, но потоа следеше неочекуван прекршок.

На повторената снимка може да се забележи дека не беше направен прекршок врз Миротиќ за кој требаше да му бидат досудени три слободни фрлања.