Скандал: Реал Мадрид го избрка Пабло Ласо, иако е способен да ја води екипата!?

Легендарниот шпански тренер Пабло Ласо доби отказ од Реал Мадрид, кој соопшти дека не може да ја продолжи соработката со стратегот поради неговите здравствени проблеми, но изјавата на кардиолог предизвика бура во Шпанија.

Ласо доживеа срцев удар и заврши во болница, по што на негово место седна помошникот Хесус Матео, кој официјално ќе го преземе првиот тим, а шпанска „Марка“ ја објави изјавата на кардиологот по последната контрола на два часа пред соопштението на „кралевите“.

„Ти со во одлична состојба и можел да го тренираш тимот“, кажал кардиологот на Ласо за шпанска „Марка“.

Шпанскиот гигант претходно соопшти дека се консултирал со експерти, но еден од нив не е докторот кој се грижи за здравјето на Ласо.