Скандал: Претседателот на ФИБА под истрага поради сексуално вознемирување

Претседателот на Меѓународната кошаркарска асоцијација (ФИБА), Хаман Нианг привремено нема да ја извршува функцијата затоа што во тек е истрага поради сексуално вознемирување на десет кошаркарки на репрезентацијата на Мали.

„Њујорк Тајмс“ прв ја објави информацијата за овој скандал кој ја потресе ФИБА, а случајот го потврди Организацијата за заштита на човечки права.

Првиот човек на ФИБА не е директно обвинет во случајот за криминалните активности, но наводно ги игнорирал вестите и успеал да прикрие голем број напади на млади жени меѓу 1999 и 2011 година

Нианг ги отфрли обвинувањата, но и покрај тоа истрагата ќе покаже дали претседателот на ФИБА е вмешан во целиот скандал.