Шортс беше незапирлив за Монако: Панатинаикос закажа четвртфинале со Валенсија

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во плејофот на Евролигата, откако триумфираа против Монако со 87-79.

Панатинаикос ја најави победата уште на стартот, откако го отвори мечот со 23-14, по што на полувреме ја зголеми предноста на 49-34.

Монако почна да се буди во вториот дел, меѓутоа во завршницата од дуелот не успеа да го скрши грчкиот тим и загуби со 79-87.

Ти-Џеј Шортс беше најефикасен кај Панатинаикос со 21 поен, три скокови и две асистенции, додека Џејмс постигна 25 поени, пет скокови и седум асистенции за Монако.

Грчкиот гигант во четвртфинале во Евролигата ќе игра против Валенсија.

Фото: Facebook/Panathinaikos BC