Шок за Партизан: Еден од најдобрите играчи се повреди и ќе паузира до јануари

Плејмејкерот на Партизан, Карлик Џонс ја повреди петтата метатарзална коска и ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.

Лидерот на тимот на Партизан незгодно слета на левата нога кон крајот на четвртата четвртина од синоќешниот натпревар против ФМП. Веднаш беше јасно дека не е добро, не може да оди самостојно, а првите скенирања ги потврдија најцрните сомнежи. Партизан сега е во голем проблем бидејќи единствениот вистински организатор на играта останува Двејн Вашингтон, а Стерлинг Браун би можел да му помогне во тоа, иако позицијата 1 воопшто не е неговото природно место.

Со оглед на оваа ситуација, можеби не е чудно Партизан да излезе на пазарот за бек бидејќи Карлик нема да игра  најмалку до јануари.