Сензација над сензациите: Дебитантот во АЦБ лигата го шокира Реал во првото коло (ВИДЕО)

Ла Коруња оствари историски успех откако на своето во АЦБ лигата дојде до победа и тоа против најуспешниот шпански клуб Реал.

Новиот член на елитната дивизија славеше со 86-85 и покрај тоа што Реал речиси постојано беше во водство, а во последната четвртина имаше и +9. Клучниот момент на мечот се случи на секунда пред крајот кога Јунио Баруета погоди тројка за израмнување (85-85), а притоа беше фаулиран од Џанан Муса и доби слободно фрлање. Баруета беше прецизен и од „пенал“ позицијата за историски успех на неговиот тим.

Реал се соочува со многу проблеми на стартот од новата сезона во која влезе со драстично изменет состав, а капак на проблемите беше болеста на Марио Хезоња за кого не се знае кога ќе се врти во тимот. Минатата недела Реал загуби во финалето од Суперкупот на Шпанија од Уникаха и ја прекина доминацијата во ова натпреварување во кое славеше претходните шест години.