САД и Русија разменија затвореници: Кошаркарката Грајнер излезе на слобода!

Американската кошаркарка Бритни Грајнер конечно беше ослободена од рускиот затвор откако САД и Русија договорија размена на затвореници.

Руските власти ја пуштија американската кошаркарка во замена за трговецот со оружје Виктор Бут кој помина 12 години зад решетки.

Грајнер во февруари беше приведена на аеродром во Москва откако ѝ открија масло од канабис во багажот, по што таа кажа дека ѝ било за лична употреба и не знаела дека го прекршила законот.