Реал со победнички старт во Евролига: Тејлор беспрекорен во триумфот над Фенер (ВИДЕО)

Дербито на колото во Евролига помеѓу Реал Мадрид и Февербахче му припадна на шпанскиот тим, откако на домашен терен славеше со 81-77.

Мадриѓани ја имаа резултатската контрола во најголемиот дел од натпреварот, во поедини моменти водеа и со двоцифрена разлика и на крајот сосема заслужено дојдоа до првата победа во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.  

Најзаслужен за оваа победа на „кралевите“ беше Џефери Тејлор кој одигра одлична партија постигнувајќи  19 поени со само едно промашување (5/5 за два и 3/4 за три поени).

Претходно, победа запиша и Баерн кој на домашен терен му го зема скалпот на Армани Милано (78-64).