Реал Мадрид се прошета низ Атина, Алба Берлин ја демолираше Басконија

Реал Мадрид го доби евролигашкото дерби против Панатинаикос и тоа сред Атина, откако победија со 87-75, додека Алб Берлин имаше лесна задача против Басконија, која ја демолираше со 81-57.

Полесно од што се очекуваше „кралеите“ стигнаа до вредната победа против грчкиот ривал, а од самиот старт Реал доминираше на паркетот и не му дозволи на домаќинот да ја загрози нивната предност.

На полувреме Реал имаше двоцифрена предност, па без проблеми ја одржуваше до самиот крај. Најдобри во екипата на шпанскиот гигант беа Ентони Рендолф со 22 поени и Таварес со 14 поени.

Во останатите два натпревари, Алба во Берлин ја победи Басконија со 81-57, а најдобар во мечот беше Хермансон 18 поени.