Реал Мадрид и Фуенлабрада пред голема казна, двајца кошаркари ќе завршат во затвор!?

Кошаркарски скандал ја потресе Шпанија, па Реал Мадрид и Фуенлабрада се пред жестоки казни, додека двајца кошаркари би можеле да завршат во затвор.

„Спортандо“ објави дека обвинителството смета дека двајцата кошаркари, Маркус Слотер и Енди Панко играле со лажни пасоши, поточно користеле ист пасош во кој менувале само слика.

Обвинителството е убедено дека има доказ за измамата, па јасно е дека Реал и Фуенлабрада ќе бидат казнети, како и кошаркарите, за кои се бара затворска казна од дури 16 месеци.

Слотер од неодамна е член на АЕК од Атина, додека Панко на 42 години игра за нисколигашки шпански клуб.