Партизан не успеа со две победи да се врати од Италија

По победата над Виртус Болоња, Партизан го загуби денешниот меч од Евролигата против Милано, црно-белите беа поразени со 76-62.

Пред два дена Партизан одигра фантастичен меч против Вирус Болоња и оствари триумф, но денеска момците на Обрадовиќ не беа на тоа ниво.

Партизан водеше во голем дел од мечот, имаше предност и од девет разлика, но потклекна во финишот кој ѝ припадна на екипата на Милано. Италијанскиот тим одигра одлична последна четвртина која ја доби со 27-16 и тоа беше клучот за победата од 76-62.

Шпанското дерби меѓу Реал Мадрид и Валенсија го доби кралскиот клуб со 95-91. Најубедливата победа ја оствари Олимпијакос кој со 102-74 славеше над Баерн. Виртус Болоња со 96-74 беше подобар од Алба Берлин, а Жалгирис со 85-67 го совлада Лион.