Партизан го наполни кошот на Басконија, Анадолу Ефес го доби дербито со Барселона

Кошаркарите на Партизан одиграа одличен меч против Басконија во Белград и им се вратија на победите (83-65), додека Анадолу Ефес ја надигра Барселона со 80-75.

„Црно-белите“ ја најавија својата победа уште по првите 10 минути, кои им припаднаа со 29-17, а на полувреме водството изнесуваше 47-36.

Партизан ја доби и третата четвртина со 20-14, по што без мака го уништи противникот во последните 10 минути за триумф од 83-65.

Најефикасен во победата беше Трифуновиќ со 15 поени, додека на спротивната страна најдобар беше Маринковиќ со еден поен повеќе.

Анадолу Ефес одигра одличен натпревар против Барселона, па драма беше забележана само во завршните минути, кога каталонскиот гигант ја врати резултатската неизвесност, меѓутоа турскиот гигант славеше со 80-75.

Хигинс со 17 поени, три скокови и четири асистенции беше најдобар кај Барселона, додека по 17 поени за Ефес постигнаа Ларкинг и Мициќ.

Останати резултати:

Асвел – Валенсија 79-83
Панатинаикос – Макаби Тел Авив 88-86
Милано – Жалгирис 61-66