Официјално: Кокошков е нов тренер на Фенербахче!

Српскиот кошаркар Игор Кокошков и официјално беше промовиран како нов тренер на Фенербахче, откако пред неколку дена беше најавено дека ќе седне на клупата на турскиот гигант.

Кокошков го напушти Сакраменто кингс, каде што беше помошник, па на клупата на Фенербахче ќе го замени Жељко Обрадовиќ.