
Нема крај на драмата: Скариоло ќе го тужи Виртус за клевета
Сопственикот на Виртус, Масимо Занети го критикуваше Скариоло неколку дена по отказот.
„Кога Скариоло одеше на состаноци со Торонто и Реал Мадрид, тој нè сметаше за клуб од втора класа“, кажа Занети.
Оваа изјава го навреди Скариоло, кој кажа дека никогаш немал состанок со управата на „кралевите“ и затоа ќе го тужи Виртус за клевета.