Тепачка меѓу навивачите на Панатинаикос и Фенербахче во Берлин (ВИДЕО)

Пред почетокот на завршниот турнир во Евролигата во Берлин се случи сериозен инцидент кога се степаа навивачи на Панатинаикос и Фенербахче.

Навивачите на двете екипи се судриле на улиците во Берлин, по што морала да интервенира полицијата.

Германските медиуми пишуваат дека има повредени и уапсени по инцидентот, но засега не се соопштуваат бројки.