Милано купува бек со искуство од НБА – Димитријевиќ се сели на клупата!?

Италијанскиот кошаркарски гигант Армани Милано, кој има само една победа и четири порази во досегашниот тек од Евролигата, започна преговори со поранешниот НБА играч, Нико Менион (23), како обид да ја засили бековската позиција.

Причина за ваквата одлука на „манекените“ е разочараноста на тренерот Еторе Месина од настапите на нашиот Ненад Димитријевиќ, кој беше жестокот нападна од него и од јавноста по лошото издание во поразот од Анадолу Ефес минатата недела. Според познатиот инсајдер Лука Д’Алесандро, италијанскиот бек го пропуштил натпревар на својот сегашен тим Варезе против Пистоја (102-95) токму поради разговорите со раководството на миланскиот клуб. Се очекува Менион да биде претставен во тимот на Месина до средината на неделата.

Менион пристигна во НБА како потенцијална ѕвезда на иднината, но брзо ја искуси големата конкуренција во најсилната кошаркарска сцена. На драфтот беше избран од Голден Стејт вориорс во 2020 година, но остана само една сезона, играјќи делумно и во нивниот развоен тим, Санта Круз. Враќањето во Европа му беше неизбежно, а шансата му ја пружи Виртус Болоња, каде што делуваше дека ќе ја оживее својата кариера и ги исполни очекувањата на италијанската јавност. Сепак, во 2023 година, по неуспешниот обид за поголема минутажа во Басконија, ја напушти оваа екипа и се врати во Италија, облекувајќи го дресот на Варезе.