Мбапе влегува во кошарката - ќе купи акции од клубот на Шортс

Откако го откупи мнозинскиот дел од акциите на Фудбалскиот клуб Каен, Килијан Мбапе планира да влезе и во кошарката.

Медиуми во Франција тврдат дека тој е во преговори за купување на акции во актуелниот вицешампион Париз чиј член е и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. За разлика од Каен, таму нема да биде главен сопственик, туку на почетокот ќе се задоволи со купување малцински дел. Париз од претстојната сезона ќе биде дел од Евролигата откако минатата триумфираше во Еврокупот.

Мбапе е голем љубител на кошарката и често, кога времето му дозволува, можеше да се види на натпревари од НБА лигата или од француското првенството.