„Македонецот“ Шортс беше незапирлив, Париз е на чекор од Евролигата!

Кошаркарите на Париз се наоѓаат на чекор до пласман во Евролигата за следната сезона, откако во првиот финален меч во Еврокупот триумфираа против Бурж со 77-64, а одличен меч одигра македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Уште по првото полувреме беше јасно дека победата ќе му припадне на Париз, кој замина на паузата со 23 поени предност, а Бурж во вториот дел се обиде да му парира на ривалот, но успеа само да го ублажи поразот.

Шортс беше незапирлив за Бурж и го заврши мечот како најефикасен кошаркар со 15 поени, три скокови и четири асистенции, додека на спротивната страна најдобар беше Закари Ризаше со 11 поени.