Макаби со тројки ја урна Алба Берлин, Реал се врати на врвот во Евролигата

Макаби Тел Авив продолжи со одличните настапи, а нова победа во Евролигата запиша во Берлин, каде што славеше против домаќинот Алба со 95-89.

На почетокот на втората четвртина Макаби направи серија од 10-0 и така му избега на германскиот тим, кој не можеше да ги стигне до крајот на мечот. Тројките на гостите го решија победникот во мечот, а беа постигнати дури 14 од 27 обиди.

Најмногу кај домаќините се покажа Хермансон со 16 поени, додека на другата страна Брајант постигна 19 поени.

Реал Мадрид одигра добар меч против Жалгирис Каунас, откако по првите 20 минути имаше водство од 47-41, а „кралевите“ не му дозволија на гостинот да им се приближи воопшто, па победија на крајот со 88-82.

На останатите натпревари триумфираа Милано против Панатинаикос со 96-87, додека Фенербахче беше поуспешен од Басконија со 79-65,