Летаа боксови: Тепачка на деценијата на мечот Филипини-Австралија! (ФОТО+ВИДЕО)

Денешниот меч од азиската група од квалификациите за пласман на СП 2019 помеѓу Филипини и Австралија беше прекинат пред крајот на третиот период при огромно водство на гостите (89-53), откако се случи ретко видена тепачка по која судиите исклучија дури 13 кошаркари од двата тима.

Причина за предвремениот крај е фактот што Филипинците останаа без ниту еден кошаркар во поле, со оглед што тројцата кои не беа исклучени потоа намерно правеа прекршоци за да заминат на клупата.

Деветмина од составот на Филипини, а четворица од австралискиот тим беа пратени на ладење поради учество во инцидентот.

Тепачката почна по стравичниот удар со лакот на Австралијанецот Кикерт како одмазда што филипинскиот кошаркар претходно го удри неговиот соиграч Гулдинг.

Инцидентот траеше повеќе од една минута, пред судиите да успеат да ја смират ситуацијата.