Магдевски си замина од МЗТ Скопје и се пресели во Холандија

Македонскиот кошаркар Андреј Магдевски завчера го напушти МЗТ Скопје, а не чекаше долго пред да замине во Донар од Холандија каде што ќе настапува до крајот на сезонава.

Магдевски чека работна дозвола за да може да настапува во лигата, а негово деби се очекува в среда на дуелот против Будивелник во Европскиот Куп.

„Го избрав Донар затоа што ова е голем клуб со одлична организација. Сакам да играм за тим кој има најголем дострел и моја цел е оваа сезона да ѝ помогнам на екипата да победи во што е можно повеќе натпревари и да постигне повеќе успеси“, кажа Магдевски.

Искусниот кошаркар оваа сезона настапи на седум дуели во АБА-лигата и во просек постигнуваше по 4,9 поени, 2,7 скокови и 5,4 асистенции за 17 минати просечно поминати на паркетот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Donar (@donar_official)