Луда реакција на Србинот: Обрадовиќ „згрме“ по Слукас (ВИДЕО)

Жељко Обрадовиќ е еден од најлудите тренери во историјата, а тоа го докажа и на гостувањето на Фенербахче кај Жалгирис во плејофот од Евролигата.

Неговата екипа славеше со 66-57 и така поведе со 2-1 во плејоф-серијата, но во центар на внимание беше неговиот испад врз Костас Слукас.

Пред крајот на првото полувреме Слукас се жалеше поради судиска неправда, па така дојде до клупата и тренерот, но Обрадовиќ збесна и го натера Слукас да признае дека направил прекршок.