Кошаркарска револуција: Симнат е човекот кој владееше со Евролигата 20 години!

Клубовите од кошаркарската Евролига денеска одржале состанок, на кој едногласно е донесена одлука да биде сменет првиот човек на ова натпреварување, Жорди Бeртомеу.

Ова е важен момент во европската кошарка, некои дури го нарекуваат револуционерен преврат, со оглед на тоа дека Бeртомеу управува со Евролигата 20 години. Сепак, незадоволни од тоа како менаџирал со финансиите и како ги распределувал во периодот на коронавирусот, клубовите се обединија и го сменија.

Ефес, Реал Марид, Барселона, Фенербахче, Олимпијакос, Жалгирис, ЦСКА, Армани Милано, Басконија, Макаби и Панатинаикос се 11-те клуба, кои денеска му изгласаа недоверба и го ослободија од функцијата. Тој ќе остане на позицијата извршен директор на Евролигата, но со максимално редуцирани ингеренции, бидејќи сега клубовите одлучуваат.

Овој пуч почна во април, кога седум од клубовите покренаа иницијатива за менување на Бeртомеу, затоа што неговото водење не ја носело Евролигата во добар правец. Потоа добија поддршка од преостанатите клубови, кои имаат трајна лиценца и затоа денеска неговата смена беше едногласна.