Игра за Париз, со сите сили навива за Партизан (ВИДЕО)

Синоќа во Белград се сретнаа екипите на Партизан и Олимпија Милано во рамките на второто коло од Евролигата, а во Арена имаше еден неочекуван посетител.

На трибината зад едниот кош се наоѓаше францускиот репрезентативец Надир Хифи кој на главата стави качулка за да не го познаат, ама тоа не му успеа и сепак беше во центарот на вниманието. Париз денеска во Белград се среќава со Макаби, а Хифи го искористи престојот во белградската престолнина за од друга позиција да ужива во атмосферата што ја прават навивачите на Партизан. Од неговиот израз на лицето може да се заклучи дека си поминал прекрасно и со сите сили му даде поддршка на Партизан.

Хифи не побара специјална покана за да седи во првиот ред, туку купи влезница и заедно со останатите навивачи „грмеше“ од трибина, а неговиот престој во Арена им се допадна и на луѓето од Париз на чии профили на социјалните мрежи осамна видеото со бекот.