Хаос во Шпанија: Тренер пцуеше судии, па удри кошаркар! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фуенлабрада беа поразени од Сан Пабло Бургос со 91-96 во петтото коло од шпанската АЦБ-лига, но една сцена од натпреварот непријатно ја изненади шпанската јавност.

Во центар на внимание беше помошникот тренер на домаќините, Салвадор Гвардија, кој по една судиска одлука ги загуби нервите и почна да ги пцуе судиите, а потоа удри и еден кошаркар, по што мораше да биде исклучен.