Ефес го декласираше Фенербахче, Ц. Звезда „замрзна“ на минус 20 против Басконија

Вечерва беа одиграни првите два натпревари во Евролигата, а турското дерби го доби Анадолу Ефес со убедливи 106-74 против Фенербахче, додека Црвена Звезда загуби со 67-87 од Басконија.

Ефес го почна одлично натпреварот и му дозволи на Фенербахче да постигне само 11 поени и му избегаа на +13 (24-11), по што предноста ја задржаа до полувремето (53-39).

Со уште една одлична четвртфина Ефес избега на +23 и тука беше јасно дека натпреварот е решен, а како минуваше времето така Фенербахче сѐ повеќе тонеше до конечни 74-106.

Најдобар во триумфот на Ефес беше Мициќ со 37 постигнати поени, додека кај Фенербахче најефикасен беше Де Коло со 24 поени.

Ц. Звезда одигра ужасно прво полувреме, кое го загуби со убедливи 26-47 и веќе немаше враќање во игра за српскиот тим, кој на крајот беше поразен со 67-87.