Драматична завршница во Белград: Панатинаикос ја скрши Звезда во финишот!
Добро го стартуваше Звезда натпреварот и беше подобар ривал на теренот во текот на првите 20 минути во салата „Алкесандар Николи“. Со добрата игра Звезда во еден момент дојде и до највисоките „плус 14“ во вој натпревар (44-30).
Црвено-белите го одиграа веројатно најдоброто прво полувреме од почетокот на сезоната и на паузата замина со предност од 46-38.
Во одличен ритам продолжија домашните кошаркари и во третата четвртина, но потоа дојде до пад во играта. Започнаа проблемите со реализација на нападите и тешко доаѓаа до отворена позиција за шут, додека на спротивната страна казнуваа Нана и Лесор.
По третиот период Звезда остана во водство, но тоа изнесуваше само „плус три“ (58-55). Но, тоа што започна во овој период продолжи и во последниот каде што Панатинаикос продолжи да биде подобар ривал и да дојде до пресврт и победа.