Димитријевиќ втор најдобар стрелец во победата против Партизан

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одлично во победата на Хувентут од 85-82 против Партизан во рамки на 1.коло во Еврокупот. 

Тимот од Бадалона до победата дојде со одлична игра во последниот период, во кој влезе со 10 поени негатива. Сепак, последните 10 минути, Шпанците ги добија со резултат 24-11 и го обезбедија триумфот. 

Димитријевиќ постигна 14 поени (6/11) и имаше четири асистенции, а беше втор тимски стрелец зад Пау Рибас, кој имаше 18 поени. Морган Конор имаше ист ефект како нашиот кошаркар, односно постигна 14 поени. Томас Рашон со 15 поени најмногу се истакна во таборот на белградскиот тим.