Димитријевиќ и Олимпија немоќни, Виртус славеше во италијанското дерби
Втората четвртина беше клучна за Виртус и во не направија двоцифрена разлика стигнувајќи до максимални +13.
Одличниот напаѓачки ритам на Виртус не продолжи во второто полувреме, но одбраната помогна Виртус да се радува на победата.
За Олимпија не помогнаа ниту 21 поен на Миротиќ, додека за Виртус најефикасен беше Шангелиа со 19.
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ на теренот помина 16 минути, но немаше некој посериозен учинок и средбата ја заврши со само два скока.