
Делии го „утепаа“ црно-белиот ривал: Жељко, земи го и Мајкл Џордан! (ВИДЕО)
По вториот триумф над Партизан во само десетина дена, популарните „Делии“ почнаа да му пеат на тренерот на противникот, Жељко Обрадовиќ, да почне да размислува за нови засилувања.
„Земи го Жељко и Мајкл Џордан!“, пееја навивачите на Ц. Звезда, а видеото од нивниот сеир може да го погледнете ТУКА.
Ц. Звезда игра како преродена по доаѓањето на Душко Ивановиќ на клупата, со оглед што во Евролигата и АБА-лигата врза дури осум победи по ред.