Дебакл на Реал Мадрид: Симиќ и Барселона се јуниорски шампиони на Шпанија!

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ заедо со Барселона ја освои титулата во јуниорското првенство во Шпанија откако го совладаа Реал Мадрид со 102-63.

Реал Мадрид даде отпор само во првото полувреме, кое го загуби со 43-51, по што следеше дебакл на „кралевите“ бидејќи каталонскиот гигант славеше со 49 поени разлика.

Симиќ на теренот мина девет минути и притоа постигна четири поени, една асистенција и еден скок.