ЦСКА на Рајковиќ ја тужи Евролигата: Немате право да нѐ исфрлите!

Рускиот великан ЦСКА Москва, кој од неодамна ќе го води македонскиот стратег Емил Рајковиќ почна правна постапка против здружението ЕЦА, која ја води Евролигата со тужба за неправедно исклучување од најелитното кошаркарско натпреварување поради руската агресија врз Украина.

ЦСКА е еден од акционерите и основачите на Евролигата, сопственик на А-лиценца, па тужбата ја поднесе врз база на овие аргументи пред судот во Луксембург, со образложение дека со ова му се нанесува голема штета на клубот пред сѐ на финансиски план. Во Москва немаат илузии дека ќе ја сменат одлуката за да играат во Евролигата, но решени се да водат правни битки, иако прашање е во целокупната анти-руска хистерија во Европа дали и овој процес ќе го добијат.

„Одлуката за исклучување е донесена без правна основа, ние немаме илузии дека ќе играме во Евролигата во следната сезона, зашто ќе се начекаме до судската одлука. Но, за нас е најважно да ја добиеме судската проценка, без оглед каква и да е. Евролигата е комерцијален турнир и неучеството во неа ни скратува сериозни приходи. Во суштина, ни се скратува шансата да заработиме од бизнис во чие сосздавање и раководење учествувавме“, рече првиот човек на клубот Андреј Ватунин.