Црвено-белите во Истанбул ќе играат за Партизан, но и за „премија“ од 40.000 евра!

Лигашкиот дел од натпреварувањето во кошаркарската Евролига е пред самиот крај, а претстојното коло ќе го даде одговорот на прашањето кој ќе биде последниот учесник на плеј-ин турнирот - Партизан или Анадолу Ефес.

Единствен што може да им помогне на црно-белите е нивниот најголем ривал Црвена звезда и тоа само доколку во последното коло го совладаат турскиот тим. Тие нема да играат само за соседот, туку и за „својот џеб“, бидејќи секој триумф во Евролигата носи 40.000 евра. Тоа е убава сума на пари што може малку да ја подобри ситуацијата во касата на шампионот на Србија. Ова воопшто нема да биде лесна задача за Ц. Звезда, ако се знае дека тие никогаш во историјата не го совладале Анадолу Ефес во Истанбул. Оваа информација звучи неверојатно, особено ако се земе предвид фактот дека Звезда првиот меч со Ефес го одигра уште во 1998 година, а досега имаат девет мечеви во кои победија домаќините.

Ц. Звезда го заврши учеството во најсилното европско клупско натпреварување на катастрофална 16. позиција од 16, додека Партизан се уште има теоретски шанси за пласман во плеј-инот, но само под услов црвено-белите в четврток да слават над Ефес, а тие ден подоцна да бидат подобри од Валенсија.