Црвена Звезда загуби од Милано сред Белград

Кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени од Армани Милано со 57-63 во 21. коло од Евролигата, па така останаа на 14. позиција со осум победи и 13 порази, додека италијанскиот тим остана на третата позиција со 15 триумфи и шест порази.

Во првата четвртина беше забележано голема неефикасност на кошаркарите на двете екипи. По шест минути игра резултатот беше 3-0 за Ц. Звезда, по што четвртина ја добија домаќините со 8-7.

Напаѓачкиот ритам се поправи во продолжение од средбата, посебно кај гостите, кои на полувреме го свртеа резултатот во своја корист (26-23), по што во ниту еден момент не го испуштија водството и триумфираа со 63-57.

Најдобар кај победникот беше Дилејни со 18 постигнати поени, додека Бентил даде 12 поени и девет скокови, а кај Ц. Звезда најефикасни беа Калиниќ и Холинс со по 13 поени.

Останати резултати:

Фенербахче – Лион 85-76
Жалгирис – Макаби 78-94
Панатинаикос – Монако 83-91
Басконија – Зенит 82-90
Барселона – Баерн 71-66.