Црвена звезда не успеа да го сврти резултатот, Панатинаикос со прва победа во Евролига

Кошаркарите на Панатинаикос со победа ја стартуваа новата сезона во Евролига, откако на домашен терен славеа против Црвена звезда со 87-82.

Гостите одлично го стартуваа мечот и во текот на првата четвртина беа постојано во предност (14-17), но „зелените“ од Атина заиграа многу подобро во вториот период и ја превземаа резултатската контрола добивајќи ја четвртината со (23-18). Клучната разлика Грците ја направија во третиот дел кој го добија со убедливи 29-18, а потоа предноста ја задржаа до крајот на натпреварот.

Во последната четвртина гостите се обидоа да дојдат до пресврт, стигнаа во последната минута и на негатива од само пет поени но немаа сила за комплетно изненадување, на крајот за конечни 87-82.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ник Калатес со 21 поен, додека Томас Дешан забележа 18 поени. На спротивната страна одлична партија имаше Џејмс Гист со 22 коша.