Црвена Звезда го прегази Фенербахче со 31 поен разлика!

Кошаркарите на Црвена Звезда вечерва го декласираа Фенербахче со убедливи 87-56 за трета победа во Евролигата.

Српскиот гигант тргна фуриозно во натпреварот и ја доби првата четвртина со 25-16, а водството до полувреме се зголеми на високи 45-26.

Фенербахче ја подобри играта во третата четвртина, меѓутоа не можеше да внесе неизвесност во мечот, по што следеше целосен распад во последните 10 минути, кога Ц. Звезда ги постави конечните 87-56.

Најдобар во победничкиот тим беше Милош Теодосиќ со 18 поени, еден скок и три асистенции, додека Најџел Хејс постигна 12 поени, три скокови и една систенција.

Останати резултати:

Монако – Анадолу Ефес 82-89
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 74-79
Валенсија – Реал Мадрид 73-76
Виртус Болоња – Милано 86-79