Црвена Звезда со моќна одбрана го урна Фенербахче во Белград

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа вечерва во второто коло од Евролигата против турски Фенербахче со 68-56.

Екипата од Белград до триумфот стигна благодарение на одличнат атимска одбрана, која ја играа од почетокот до крајот.

Во самиот старт се забележа дека дефанзивните игри водеа главна борба на теренот, но српскиот тим имаше повеќе енергија и успеа на крајот да слави со 68-56.

Лоренцо Браун беше најдобар стрелец кај домаќините со 13 поени, додека кај Фенербахче најефикасен беше Нандо Де коло со 19 поени.

На вториот меч кој се одигра во ист термин, ЦСКА Москва славеше со 79-68 против Баерн Минхен.