Бугарски репрезентативец пред трансфер во Црвена Звезда

Откако синоќа ја заврши работата во домашното првенство, Црвена Звезда почна да работи на засилувањата за идната сезона.

Бројни српски медиуми тврдат дека прва цел на белградскиот клуб е бугарскиот репрезентативец Коди Милер Мекинтаер, довчерашен член на Басконија, а во минатото и играч на Партизан. Во неодамна завршената сезона во Евролигата, тој стана само трет играч со трипл дабл во историјата на елитното кошаркарско натпреварување, постигнувајќи 11 поени, 11 скока и 20 асистенции против Асвел.

Милер Мекинтаер има клаузула според која може да ја напушти Басконија ако добие финансиска понуда која шпанскиот клуб не може да ја израмни и токму тоа се случува во моментов.