Бомба на Босфорот: Фенербахче се договори со Вилбекин!

Американскиот плејмејкер потпиша тригодишен договор со Фенербахче и тоа е уште едно големо засилување за турскиот гигант ова лето пред почетокот на новата сезона во Евролигата.

Вилбекин во претходните четири години играше за Макаби Тел Авив, а претходно го носеше дресот на Дарушафака, додека во минатата сезона во Евролигата во просек постигнуваше по 15,4 поени, четири асистенции и два скока по меч.

Фенербахче минатата сезона ја освои титулата во турскиот шампионат, а Вилбекин е второ засилување за екипата, откако неодамна во турскиот тим стигна Џонатан Мотли.