Белград ја губи битката: Атина ќе биде домаќин на Ф4 во Евролигата во 2026!?

Српските медиуми пишуваат дека Атина ќе ја добие организацијата на Ф4-турнирот во Евролигата во 2026 година, доколку не се случи пресврт во меѓувреме.

Акционерите во Евролигата в среда ќе гласаат за домаќинот на следниот завршен турнир во елитното кошаркарско натпреварување, а Атина е главен фаворит и речиси сигурно ќе ја добие битката против Белград.

Политичката ситуација во Србија ги намалила драстично шансите на Белград за организација на турнирот, но в среда официјално ќе биде донесена одлука за следниот домаќин.