Басконија на три секунди пред крај ја урна Барселона за нова титула! (ВИДЕО)

Голема драма беше забележана вечерва во финалниот меч од плејофот за шампион на Шпанија, а Басконија славеше со 69-67.

Вилдоза погоди за победа по прекрасна акција на Басконија на три секунди пред крајот, при резултат 67-67. Каталонците имаа доволно време да израмнат, но Хигинс не успеа да постигне кош.

Од почетокот мечот беше неизвесен, а првата четвртина ја доби Басконија со 17-16, но Барселона на полувреме замина со 39-33.

По третата четвртина резултатот беше 51-51, а неизвесноста траеше до самиот крај, кога Басконија успеа да оствари голема победа и да освои титула.

Видоза со 17 поени и четири скокови беше најдобар кај Басконија, додека Шенгелија постигна 14 поени.